Бебето „X“ го украде вниманието: Синот на Илон Макс, „AE A-Xii 1“ му се придружи на својот татко на видеопрезентација

елон маск
Фото: Принтскрин / YouTube

Во ретко и неочекувано појавување на видео за време на презентацијата на Илон Маск за „SpaceX“ малиот AE A-Xii 1, или бебето „X“, му се придружи на својот татко пред камерата и ги поздрави присутните од другата страна на дигиталниот свет.

Извршниот директор на „Tesla“, Илон Маск, го претставуваше „Cybertruck“ во дизајнерското студио на „Tesla“, во Хоторн, Калифорнија, во обид да се навлезе на пазарот на тешки пикапи за работа со нивното најново електрично возило.

На Елон Маск накратко му се придружи неговиот симпатичен едногодишен син „X AE A-Xii“ додека одржуваше виртуелна презентација која вклучуваше целосно прикажување на еднократното вселенско летало „Starship“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elon Musk (@elonrmuskk)

50-годишниот Маск ги комбинираше своите татковски должности со работата кога неговиот едногодишен син „X AE Xii“, кого го дели со поранешната девојка Грајмс (33), направи појавување во едно од неговите онлајн состаноци за „Starship“. Прекрасното русокосо момче беше целото насмеано додека седеше во скутот на неговиот татко во клипот во нешто што изгледаше како мала соба. Тој дури рече „Здраво!“ во еден момент додека во џагор ги фрлаше своите мали раце во воздух.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elon Musk (@elonrmuskk)

За време на видеото, Илон ги надополни своите детали за „Starship“ додека зборуваше во Националната академија на науките, инженерството и медицината. Откако бебето „X“ накратко го украде центарот на вниманието, некој дојде во собата и го оттргна за да може Илон, кој носеше бел горен дел со копчиња под сив блејзер, да продолжи со својата презентација.

Последното видео на Илон со неговиот син доаѓа откако тој и Грајмс станаа насловна тема по нивното разделување во септември. Оттогаш, пејачката призна дека сè уште живее со извршниот директор на SpaceX на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elon Musk (@elonrmuskk)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот