„Бебето Трамп“ не им се допаѓа на сите

Фото: EPA-EFE/MOSTAFA BASSIM

Сатиричен балон кој го претставува американскиот претседател Доналд Трамп како бебе беше дупнат со нож и издишан од непознато лице за време на посетата на американскиот лидер во сојузната држава Алабама, пренесе „Гардијан“.

Необичната ситуација се случила за време на посетата на американскиот претседател на натпревар во американски фудбал на Универзитетот во Алабама. Балонот, кој е поголем 6,1 метар, беше поставен во еден парк во близината на настанот.

Џим Гирван, организатор на групата која ги дели овие сатирични балони, изјави дека непознат маж се залетал кон балонот и со нож го прободел. Според неговите информации, мажот потоа бил уапсен.

Карикатурата-балон го претставува Трамп како портокалово бебе во пелени кое држи мобилен телефон, а демонстрантите започнаа да ја користат оваа сатирична фигура во знак на протест против него.

„Бебето Трамп“ првпат се појави во Лондон, кога локални активисти бараа начин како да се исмеваат со американскиот претседател, а сега повеќе групи собираат пари оваа реплика да се прошири и во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот