Бебето насилно исечено од утробата на мајката во Чикаго е добро

Бебето насилно исечено од утробата на мајката во април во Чикаго е добро и повеќе не му требаат апарати за дишење.
Имено, Џовани Лопез, сега веќе момче старо шест недели, од неодамна дише само, без помош на болничките апарати.
-Се уште е долга борба пред детето, но бебето се бори за опстанок“, изјави пред новинарите адвокатот на семејството  на убиената 19-годишна Марлен Очоа -Лопез.
Мајката на Џовани брутално е убиена во април. Таа била бремена во последниот месец кога добила понуда преку Фејсбук да дојде по облека подарена за детето, пишува Фокс.
Во стан во Чикаго ја дочекале 46-годишната Клариса Фигуроа и нејзината ќерка 24-годишната Дизајр. Ја задавила Мерлен со кабел, а потоа Клариса од стомакот ѝ го исекла бебето и повикала итна помош.
Пријавила дека само што родила, но дека бебето не дише. Момчето е пренесено во болница, а лекарите во прв момент рекле дека детето е во тешка состојба и дека не се оптимистични. Болницата не ја известила полицијата.
Семејниот адвокат изјавил дека тие се загрижени што Клариса подолго се преправала дека е мајка на бебето, а болницата сепак не ја известила полицијата за тоа што се случило.
Полицијата во Чикаго соопшти дека од болницата не им се јавиле за пациентка која тврдела дека се породила, а со гинеколошки преглед е утврдено дека не била трудна.
Телото на Марлен Очоа – Лопез пронајдено е фрлено во канта за ѓубре зад семејната куќа на монтрумите по повеќе од две недели. полицијата успеа да ги фати осомничените врз основа на информации од семејството на Очоа-Лопез, според последните објави на фејсбук.
Шефот на полицијата во Чикаго, Еди Џонсон, вели дека јавноста е згрозена од бруталното убиство и начинот на кој семејството се обидело да дојде до детето на 19-годишната мајка.
„Семејството пак, што требаше да го слави раѓањето на детето, е во тага поради смртта на мајката“,  вели Џонсон.
Клариса Фигуера и нејзината ќерка се соочени со обвиненија за убиство од прв степен, а момчето на Клариса, 40-годишниот Пјотр Бобак, обвинет е за прикривање на убиство, соопшти полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот