БЕБЕТО НА КИМ И КАНЈЕ ДОБИ БИБЛИСКО ИМЕ: Среќните родители објавија како ќе се вика

Фото EPA-EFE/MIKE NELSON

Познтата ѕвезда од реалните шоуа го објави името на својот новороден син точно за Денот на мајката, преку твит.

Ким Кардашијан на својот твитер-профил ја објавила честитката за Денот на мајката која ја добила од сопругот Канје Вест. Тие го избрале името Псалм Вест за својот син, кој се роди бргу по кралското бебе Арчи Харисон.

Ким и Канје се во брак од 2014 година и оттогаш добија четири деца, Норт, Сент, Чикаго и неодамна родениот Псалм. Медиумите шпекулираа со името на бебето, а една од најчестите претпоставки беше Бер или Теди.

Инспирацијата за името доаѓа од Библијата, особено што и Канје Вест во последниот период покажал поголем интерес религијата.

ким кардашијан
Принтскрин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот