Бебе старо 20 дена е најмладиот ковид пациент кој се лекува во болницата во Козле

ЈЗУ Институт Козле /Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Новороденче старо само 20 дена е најмалиот пациент што се лекува на Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле. Бебето се заразило од мајка му, како и многу од другите деца, вели директорот на оваа болница, Бесник Зеќири во интервју за тв 21.

„Денеска имаме хоспитализирано 20 деца, некои помали некои поголеми, воопшто, возрасните групи од почетокот на четвртиот бран се од 0-2 години и од 9-15 години. Од 20, 5 деца се на кислородна поддршка, зависно за каква претходна болест станува збор, тие деца кои имаат коморбидитети или хронични болести од претходно, особено со белодробни заболувања, кај тие деца се развива потешка клиничка слика и имаат потреба од кислородна поддршка при престојот во болница.“, вели тој.

Директорот на оваа болница апелира до родителите да се вакцинираат за да не дојде до инфекција на децата со вирусот

Овие деца имаат ниска кислородна сатурација и сите се со сериозна клиничка слика, но нивната состојба е стабилна.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот