Бебе Реџа пристигна во Албанија: Ќе изградам две куќи, тука сум да помогнам

Фото: Балканвеб

Светски познатата пејачка, Бебе Реџа пристигна во Албанија, конкретно во Бубч, која е една од зоните погодена од силниот земјотрес.

Во изјава за медиумите, пејачката со албанско потекло, изјави дека никогаш нема да заборави од каде доаѓа, и додаде дека ќе придонесе за изградба на две куќи.

– Целта на моето патување е да придонесам во подигнување на свеста преку светските медиуми и да обезбедам поголема помош за земјата и да најдам најдобро решение за парите што сме ги собрале. Не заборавам од каде доаѓам или колку популарност имам. Во моите вени тече албанска крв. Ќе изградам две куќи, тука сум за да им помогнам на Албанците, истакна Реџа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот