Бебе позитивно на ковид-19 со специјален лет префрлено на клиника во Швајцарија

Десетмесечно бебе во тешка и многу комплицирана здравствена состојба било донесено во неделата попладне на Клиниката за детски болести. Бебето кое е швајцарски државјанин, имало висока температура, грчеви и нарушена свест, а на клиниката било примено заедно со неговата баба која го чувала бидејќи неговите родители живеат во Швајцарија, пишува НОВА ТВ.

Вистинска драма се случувала на клиниката за спасување на животот на бебето, утредента кога се покажало дека бебето има тумор во мозокот, а се потврдило дека тоа и неговата баба се позитивни на Ковид-19. Информацијата за НОВА ја потврди и д-р. Наташа Најдановска Алулоска, директорка на Клиниката за детски болести.

Со лекарскиот тим од швајцарскиот Клинички центар било организирано бебето со специјален медицински авион, да биде префрлено во Цирих.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот