Бебе од 10 месеци тежи повеќе од 15 килограми поради тешко нарушување во телото

Според добиените резултати, констатирано било дека детето е болно од ретка генетска болест, која се предизвикува континуирано дебелеење.

Се сеќавам како на мојата другарка, која работи со болни дечиња, постојано ѝ коментирав дека кога јас би била на нејзино место, не би можела да издржам ниту ден и дека постојано ѝ се восхитувам на тоа колку хумана е и како се грижи за сите деца. Постојано велев дека јас не би можела и не би издржала, но не знаев што всушност токму мене ми подготвува животот. Вака ја почнува својата исповед Моли Данџело од Масачусец, мајка на дете што се бори со исклучително ретка болест.

– Го родив Џони сосема здрав и изгледаше како секое нормално дете. Ништо кај него не беше невообичаено. Многу бргу напредуваше, па сите бевме изненадени поради тоа. Неговата тежина константно се зголемуваше до тој степен што почнав да се сомневам дека нешто навистина не е во ред со него. По неколку месеци, со сопругот Џон сериозно почнавме да се грижиме бидејќи детето многу малку јадеше и постојано се движеше, а беше сè подебело и подебело – раскажува Моли.

Здравствената состојба постојано му се влошувала

Таа понатаму во своето сведоштво говори дека очекувале со текот на времето детето да почне нормално да се развива, да престане секојдневно да ја зголемува телесната тежина, но и дека темпераментот ќе му се промени.

Сепак, оваа мајка, која пред ова дете имала уште две дечиња, како што одминувало времето, сè повеќе сфаќала дека нешто сериозно не е во ред со него.

Кога детето било однесено на педијатар, лекарот им рекол на родителите дека со нивното дете сè е во ред и дека нема место за паника. Сепак, состојбата постојано се влошувала, а кога детето имало 10 месеци, тежело неверојатни 15 килограми.

Лекарите доцна забележале дека детето е болно

Дури тогаш лекарите констатирале дека со детето навистина нешто не е во ред, бидејќи со детска храна на толку мала возраст, навистина не би можело да се здебели до таа мера за да не може да оди.

Тогаш почнале да се прават испитувања за здравствената состојба на детето. Консултирани биле и ендокринолог, четворица нутриционисти, двајца невролози, кардиолог.

Сè уште нема лек за неговата болест

Според добиените резултати, констатирано било дека детето е болно од ретка генетска болест, која се предизвикува континуирано дебелеење.

Покрај тоа детето има и аутистичен спектар и има потреба постојано да јаде.

– Лекарите сè уште немаат изнајдено конкретно решение за ваквата негова состојба, а детето станува сè подебело и подебело. Луѓето честопати ме обвинуваат, тврдејќи дека јас сум лоша мајка и дека моето дете поради лошата храна е доведено во ваква состојба – вели мајката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот