Бебе носорог и зебра биле пронајдени како сирачиња: Станале неразделни пријатели

зебра
Фото: Принтскрин/careforwild

Откако биле спасени како сирачиња во дивината, еден носорог и една зебра формирале многу необично пријателство. Седуммесечниот носорог Дејзи и зебрата Моџаџи завршиле во засолниште за животни во Јужна Африка. Неразделните пријатели се галат еден со друг, одат на прошетки, па дури и заедно јадат.

„Оваа мала зебра отсекогаш била тука за носорогот Дејзи. Иако и самата Моџаџи е бебе, стара нешто повеќе од осум недели, која пие млеко на секои три часа, таа внимава и се грижи за носорогот сираче“, стои во описот на објавата на светилиштето од јануари.

Дејзи била спасена на почетокот на декември. Била стара само 12 часа. Не можела да стои, имала инфекција во папокот, била исклучително слаба и ранлива. Примила плазма и поминала неколку месеци на Одделот за интензивна нега.

Долгорочната цел на светилиштето е да ги пушти Дејзи и Моџаџи во нивните природни екосистеми.

„Иако Дејзи на крајот ќе им се придружи на другите носорози, а Моџаџи ќе се врати во стадото зебри, нивното единствено пријателство секогаш ќе биде витален дел од нивниот пат за време на рехабилитацијата“, велат луѓето кои сега се грижат за нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот