Беа заедно во Интер, сега ќе му биде тренер на Пандев!

twitter.com/bet365

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Тиаго Мота ја прифатил понудата да биде новиот тренер на Џенова, заменувајќи го Аурелио Андреацоли.

Мота во понеделникот во утринските часови се сретнал со првите луѓе и според „Скај Спорт Италија“ сите детали се „договорени“ со клубот од „Луиџи Ферарис“.

Исто така, „Тутомеркато“ информира дека во вторник (22 октомври) се очекува Џенова да го промовира Тиаго Мота како нов тренер на калчолигашот.

Мота е инаку поранешен тимски колега на македонскиот репрезентативец Горан Пандев и во сезоната 2009/10 ја освоија титулата во Лигата на шампионите.

Џенова има лош старт во Серија А, после осум кола е на претпоследната позиција (три порази во низа) со една победа и пет бода, еден повеќе од „фенерџијата“ Сампдорија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот