Беа само 12 дена во брак, а сега откри дека ѝ оставил 10 милиони долари во тестаментот

Фото: Инстаграм

Бракот на Памела Андерсон со Џон Питерс можеби бил многу краток, но тој ѝ оставил огромна сума во тестаментот.

Поранешната ѕвезда на серијата „Чувари на плажата“ (55) во 2020 година беше во брак со филмскиот продуцент (77) само 12 дена, а се запознале во 1989 година.

Памела подоцна откри дека тие не биле „легално“ во брак, но, во секој случај, нивната романса не требало да потрае, иако таа претходно уверувала дека „нема лоша крв“ меѓу нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @mjpopculture


Џон сега откри дека ѝ оставил 10 милиони долари на Памела во својот тестамент во многу сладок гест за кој до неодамна не била свесна ниту таа.

Тој за „Вариети“ рекол: „Секогаш ќе ја сакам Памела, таа секогаш ќе биде во моето срце. Ѝ оставив 10 милиони долари во тестаментот. А, таа не го ни знае тоа. Никој не го знае тоа. Токму тоа го кажувам за првпат со тебе. Веројатно не би требало да го кажам тоа. Значи, тоа е за неа, без разлика дали ѝ треба или не“.

И Памела имала само пофални зборови за Џон.

„Тој е прекрасен и имаше огромно влијание врз мојот живот“, рекла таа. „Го сакам до смрт.

Памела го запознала магнатот Џон во вилата на „Плејбој“ на денот на нејзиното пристигнување и почнала да живее на неговиот имот во Бел Ер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Write News24 (@write_news24)


Тој ја опсипувал со скапа облека, накит и автомобили, но Памела инсистирала дека никогаш не се обидел да ја заведе во тие рани години.

По нивното разделување пред три години, канадско-американската актерка појасни дека нивниот „брак“ не бил онаков каков што сите го претставиле.

Споделувајќи изјава на својот твитер-профил, таа напишала: „Памела Андерсон никогаш не била мажена за Џон Питерс – тоа беше само бизарен ручек“.

„Нема ‘брак’, нема ‘развод’“, додала таа.

Инаку, Памела беше во брак неколкупати, меѓу кои, беше мажена и сотапанарот Томи Ли со кого доби два сина.

Памела Андерсон демантираше дека поранешниот сопруг ѝ ги платил долговите, но откри колку навистина ѝ дал!

Памела Андерсон се омажи по петти пат, тајна свадба со Џон Питерс

Џон Питерс раскажува за љубовта со Памела Андерсон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот