Беа први регистрирани случаи на ковид-19 во Италија: Откако оздравеа на болницата во Рим ѝ подарија 40.000 евра (ВИДЕО)

Во Италија здравствената заштита е бесплатна, дури и кога лицата не се државјани или кои живеат во Италија но немаат уредни документи, имаат право на бесплатна здравствена заштита.

Кинеска брачна двојка, кои како туристи во јануари, се првиот идентификуван случај на ковид-19 во Италија, ѝ поклонија на римската болница „Споланцани“ во која се лекувани и излечени, 40.000 евра за истражување на коронавирусот, објави италијанскиот печат.

Двајцата Кинези, на возраст од 60 години, по потекло од кинескиот град Вухан, биле во Рим на туристичко патување, кога се разболеле.

Во болницата се лекувани речиси 40 дена, а и двајцата во еден период биле на интензивна нега, а потоа морале да поминат долг период на рехабилитација. Кога во април се пуштени од болница жената плачела од радост, а на персоналот во болницата каде се лекувани им рекла: „Ве сакаме, го сакаме овој град и Италија“.

Функционер во регионалната влада задолжен за здравство Алесио Д’Амато рече дека „подарокот е акт на признание и великодушноста на кинеската брачна двојка“, и тој ги повика повторно да го посетат Рим.

Во Италија здравствената заштита е бесплатна, дури и кога лицата не се државјани или кои живеат во Италија но немаат уредни документи, имаат право на бесплатна здравствена заштита.

Пред неколку години се водеше остра полемика кога имаше обид да им се наметне на лекарите да ги пријават бплните кои немаат дозвола за престој во Италија, што пред се се однесуваше на миграните. Лекарите масовно одбија со образложение дека „не сакаат да бидат шпиони“.

 

Видео на денот