Баварската машинерија по нова титула: Познати паровите на Светското клупско првенство

Фото: EPA-EFE/Attila Kisbenedek/POOL

Актуелниот европски шампион, тимот на Баерн од Минхен, ќе се сретне со шампионот на Африка или Катар во полуфиналето на Светското клупско првенство, одлучено беше со ждрепка во Цирих.

Победникот во Лигата на шампионите го започнува завршниот турнир во полуфиналето, каде на 8 февруари ќе се сретне со подобриот во четвртфиналето во кое се среќаваат Ал Духаил (Катар) – Ал Ахли (Египет).

Претставникот на Јужна Америка ќе биде познат по финалето на Копа Либертадорес (30 јануари), во кое ќе се сретнат бразилските гиганти Палмеираш и Сантош.

Најдобриот тим од Копа Либертадорес во полуфиналето ќе игра со освојувачот на Лигата на шампионите КОНКАКАФ, мексиканскиот Тигрес или освојувачот на азиската Лига на шампиони, а тоа е Улсан од Јужна Кореја.

Светското клупско првенство ќе се одржи од 4 до 11 февруари во Катар. Во истото ќе учествуваат шест, наместо седум екипи, бидејќи Окленд сити од Нов Зеланд се откажа, поради ограничувањата предизвикани од коронавирусот.

Да потсетиме, освојувачот на европската Лига на шампионите 12 пати го освои Светското клупско првенство во последните 13 изданија. Челси беше единствениот поразен од бразилскиот Коринтијанс, во декември 2012 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот