Батлерот од Белата куќа со работен стаж од 55 години почина од коронавирус

Белата куќа / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Неговата внука Џамила Герет раскажа во медиумите дека Џеки Кенеди го унапредила во батлер.

Вилсон Рузвелт Џермен, еден од вработените во Белата куќа со најдолг стаж, почина минатата недела од коронавирус во 91. година, објави Си Би Ес.

Џермен работел во Белата куќа како батлер во текот на 11 мандати на американските претседатели од Двајт Ајзенхауер до Барак Обама. Почнал да работи од 1957 година како чистач, а во текот на работата напредувал како портир, а потоа и како батлер. Се пензионираше во 2012 година.

Неговата внука Џамила Герет раскажа во медиумите дека Џеки Кенеди го унапредила во батлер.

Исто така тој имал посебен однос со семејството Буш.

Фото: Screenshot/YouTube

„Кога постариот Буш го презеде претседателското место Џорџ Буш Јуниор имал проблеми со прилагодувањето со новото опкружување па не можел да спие. Мојот дедо седел со него во соба додека не заспиел“, раскажа Герет.

Џерман имал сопруга, пет деца, 12 внуци и 18 правнуци.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот