Батериите како иднина: Големата тројка од Детроит вложува милиони во електрични возила

После долгогодишниот скептицизам околу побарувачката за електрични возила, американските производители сè повеќе прифаќаат дека батериите се иднината на автомобилската индустрија.

„Генерал моторс“ во четвртокот објави дека соработува со корејскиот снабдувач LG Chem за изградба на фабрика за батерии во вредност од 2,3 милијарди американски долари во Лордстаун, Охајо. Ова заедничко вложување треба да му овозможи да произведе најмалку 20 модели на целосно електрично возило до 2030 година.

Најавата се случи само неколку недели откако градскиот ривал „Форд“ го претстави своето прво електрично возило со батерија со долг дострел, Mustang Mach-E, што ќе почне да се продава од следната есен. Вториот по големина производител на автомобили во Детроит планира да инвестира 11,5 милијарди американски долари во сопствената програма за електрификација на возилото.

Најмалиот член на „големите тројца“ на Детроит, „Фиат Крајслер“, долго време заостанува во развојот на електрични возила, а поранешниот извршен директор дури и ги советуваше клиентите да не го купуваат единствениот целосно електричен модел на компанијата. Но, сегашниот директор изјави дека ќе има „многу нови производи на батерии“ во текот на следните неколку години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот