Баскет репрезентацијата замина за Братислава на квалификациите за Европскиот Куп

Фото: КФСМ

3х3 репрезентацијата на Македонија во состав (од лево кон десно на фотографијата) Марко Дујковиќ, Христијан Ристов, Ервин Цого и Милорад Миновски, предводени од селекторот Иван Ристовски (во средина) утреово замина за Братислава каде во наредните два дена ќе земе учество во квалификацискиот турнир за Европскиот Куп кој традиционално ќе се одржи во септември 2023 година.

Согласно ранкинг поените, нашата репрезентација е сместена во pool B, заедно со селекциите на  Унгарија и на Австрија.

Според распоредот, нашите баскетчии првиот натпревар ќе го одиграат в сабота (10.06), со почеток од 10:25 против соодветната селекција на Австрија. Против Унгарија ќе си ги одмериме силите час и половина подоцна односно во 12:05.

Распоред и резултати ќе бидат достапни на следниот ЛИНК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот