Баскар-Апостолова за Меѓународниот ден на танцот: Едногласното предложувањето на Александар Хаџиманов го прифатија сите

29 април – меѓународниот ден на танцот е глобална прослава на танцот, создадена од страна на Комитетот за танц на Меѓународниот театарски институт, главниот партнер за изведувачки уметности на УНЕСКО.

Настанот се одржува секоја година на 29 април, годишнината од раѓањето на Жан-Жорж Новер, креаторот на модерниот балет.

Денот се стреми да го поттикне учеството и образованието за танцот преку настани и фестивали  во целиот свет.

За овој ден, во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ говореше Иванка Баскар-Апостолова од Интернационалниот театарски институт, која изјави дека почитувајќи ги критериумите на танцовиот одбор, оваа година едногласно предложувањето на Александар Хаџиманов го прифатија сите.

-Немаше никакви забелешки. Хаџиманов одлично ги имплеменира елементите на класичен и современ танц, изјави Баскар Апостолова

„Танцот датира од почетокот на праисторијата. Секоја негова епоха нуди соодветна форма на претставување на уметноста, и е во непрекинат развој“, се вели во македонската порака на балетскиот педагог и солист во Националната опера и балет, Александар Хаџиманов по повод 29 април – Меѓународниот ден на танцот.

-Грчкиот театар се појавува 500 год. п.н.е. со „Дитираме“ кој се состои од песни и танци. Во Рим, 20 год. п.н.е. , се прикажуваат пантомимски претстави во соло изведби, кои со помош на музика, костими, маски претставуваат цели трагедии или митови. Танцот е застапен преку костимирани изведувачи на улици, како и одредени свечености,сценски прилагодени верзии на општествени танци од тоа време, за во втората половина од ХVII век во Париз биде отворена балетската академија, од кога балетот станува професионална уметност, објаснува Хаџиманов во пораката.

Видео на денот