Басистот на „ZZ Top“, Дасти Хил почина на 72-годишна возраст

дасти хил
Фото: EPA-EFE/WALTER BIERI

Дасти Хил, басистот на култниот бенд „ZZ Top“, почина на 72 -годишна возраст.

Хил, кој неодамна се здобил со повреда на колкот, починал во сон, како што беше потврдено со изјавата на „Инстаграм“ од неговите колеги од групата Били Гибонс и Френк Бирд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ZZ Top (@zztop)

„Тажни сме од веста дека денес нашиот другар, Дасти Хил, починал во сон дома во Хјустон, Тексас… Нам, заедно со бројните фанови на „ZZ Top“ низ целиот свет, ќе ни недостига твоето непоколебливо присуство, твојата добрина и постојаната посветеност да го обезбедиш „Врвот“ на монументалното дно. Многу ќе ни недостасуваш, другар“, напишаа Френк и Били.

зз топ
Фото: EPA/ALEJANDRO GARCIA

Поради неговата неодамнешна повреда Хил беше принуден да ги откаже настапите како дел од летната турнеја на бендот. Нема повеќе детали за причината за смртта.

Освен што свиреше бас гитара, Хил свиреше и пијано и пееше придружни и главни вокали за бендот. Сите тие го добија своето место во „Rock and Roll Hall of Fame“ во 2004 година. Дасти настапи во филмот „Back to the Future III“ и „Deadwood“, а исто така се играше себеси во „King of the Hill“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот