Башеле: Израелската анексија на Западен Брег ќе биде погубна за целиот регион

На 1 јули во израелскиот парламент ќе почне официјална дебата за анексијата.

Високата комесарка на Обединетите нации за човекови права Мишел Башеле денеска изјави дека планот на Израел да започне со анексирање на делови од окупираниот Западен Брег ќе има катастрофални последици за регионот.

Нејзиното остро предупредување е дел од бројните повици до Израел да не го спроведува својот план.

Генералниот секретар на ОН, Европската унија и клучните арапски земји се изјаснија против анексијата, велејќи дека тоа ќе го прекрши меѓународното право и ќе ги уништи сите преостанати надежи за воспоставување одржлива палестинска држава, која ќе егзистира покрај Израел.

– Прецизни последици од анексијата не можат да се предвидат, рече Башеле, дополнувајќи дека веројатно ќе бидат погубни за Палестинците, за израел и за поширокиот регион.

Говорејќи за намерата да се воспостави суверенитет на Израел над делови од Западниот Брег, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска оцени дека тоа „нема да ги намали шансите за мир, туку ќе придонесе за мир”.

– Визијата на претседателот на САД (Доналд Трамп) конечно носи крај на илузијата за решение (според моделот) на две држави и повикува на реално решение за две држави, изјави Нетанјаху, оценувајќи дека и Палестинците би требало да го поддржат мировниот план на Трамп.

На 1 јули во израелскиот парламент ќе почне официјална дебата за анексијата. Нетанјаху вети анексија на стратешката долина Јордан и сите еврејски населби, што е околу 30 проценти од Западениот Брег, согласно американскиот план претставен во јануари. Врз основа на тој план, Палестинците би основале своја држава на преостанатите делови од Западниот Брег, но со исполнување на серија остри услови. Палестинците бараат да основаат своја држава на цела територија, што подразбира Појасот Газа со главен град Ерусалим. САД претходно го прифатија Ерусалим за престолнина на Израел.

Сепак, израелските медиуми во последните денови информираат дека Израел го известил палестинскиот претседател Махмуд Абас дека не планира да ја анектира долината Јордан, туку анексијата ќе се ограничи на два-три блока еврејски населби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот