Башар ал-Асад ги помилува сите затвореници во земјата

Сирискиот претседател Башар ал-Асад го потпиша указот за сеопшта амнестија во земјата за злосторствата извршени пред 14 септември годинава, информира денеска прес службата на сирискиот лидерцитирана од руските медиуми.
Според указот, објавен од сириската агенција САНА, општата амнестија ги опфаќа кривичните дела извршени пред 14 септември 2019 годинава, а во некои случаи предвидува и намалување на казните.

„Смртната казна се заменува во доживотна тешка работа”, се наведува во една од одредбите на указот.

Соодветно на тоа, место доживотна тешка работа, оние кои ќе бидат зафатени од амнестијата ќе добијат тешка работа во времетраење од 20 години, а место доживотен затвор осудените ќе одлежат 20 години затвор.

Според одлуката на претседателот, исто така, смртно болните осудени лица, кои се на 75-годишна возраст во моментот на потпишувањето на указот, целосно се ослободуваат од секаква казна.

Конкретните случаи ќе бидат разгледани од специјално формирани комисии.

Сириската агенција забележува дека амнестијата ќе ги зафати оние кои избегале од правдата само ако доброволно се предадат на властите во рок од максимум три месеци од датумот на објавување на одлуката на претседателот Асад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот