Баша: Рама вети 300.000 нови работни места, но толку Албанци протера од земјата

Архива на СП

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, го обвини премиерот Еди Рама за целосно неисполнување на ветувањата дадени на граѓаните пред да дојде на власт.

Според него, Рама ветил нови 300.000 вработувања, а всушност „протерал од земјата повеќе од 300.000 албански граѓани”.

На Фејсбук Баша напиша дека „Албанците се без работа бидејќи економијата е во рацете на олигарсите и клиентите на Рама”.

Баша додава дека за да се отворат работни места треба да си оди Рама, нарекувајќи го психички крадец.

-Вети 300.000 нови работни места, но истера од Албанија повеќе од толку. Триста милијарди евра се украдени и злоупотребени од психичкиот крадец во изминатите шест години, сите завршија во џебовите на Еди Рама и неговите клиенти или се злоуотребени за негов интерес, за фасади и луксуз. Албанците се без работа бидејќи економијата и економските можности ги зграпчија олигарсите и клиентите на Еди Рама. За да отворат работни места и можности за луѓето треба да ја оддалечиме бандата крадци и психичкиот крадец, напиша Баша.

Претходно тој најави продолжување на масовните протести есенва, но не прецизираше датум.

Обединетата албанска опозиција од февруари до почетокот на јуни одржа десет ” национални протести” со барање заминување на премиерот Рама и формирање преодна влада,која ќе спроведе слободни и фер избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот