Баша: Рама најкорумпиран премиер на Балканот

EPA-EFE/FILIP SINGER

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша денеска сподели видео-порака во која наведува дека сите „меѓународни извештаи укажуваат на Еди Рама како најкорумпиран премиер на Балканот“.

Баша го обвинува својот опонент дека ја ограбува Албанија со банда олигарси,како и за перење пари од дрога и криминал.

-Сите меѓународни извештаи го вперија прстот кон Еди Рама како најкорумпиран премиер на Балканот. Тој ја ограбува Албанија со една банда олигарси и пере пари од дрога и криминал. За да ја заштити својата банда, Рама ги протера странските инвеститори и ги замени со своите клиенти,наведува Баша.

Во исто време обвинува дека за шест години на владеењето на Рама нема ниту една директна странска инвестиција.

-Ниту една странска инвестиција не донесе психичкиот крадец во Албанија за 6 години. Албанија и Северна Кореја се единствените земји на планетата без нови странски инвестиции во последните 6 години.Без странски инвестиции нема економски развој, нема нови работни места, нема просперитет,посочува тој.

Странските инвестиции,нагласува Баша, се задолжителни за секоја земја.

– Рама оди си. Албанија како Европа,ја завршува Баша видео пораката.

Баша претходно најави дека обединетата албанска опозиција во септември ќе продолжи со националните протести,додавајќи дека обрачот околу премиерот Еди Рама се стеснува и оти „времето да се поднесе сметка се приближува“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот