Баша: Насилното сценарио на Рама пропадна

Фото: Принтскрин

Претседателот на Демократската партија на Албанија, Љуљзим Баша, при неговиот говор на вечерашниот протест на обединетата опозиција во Тирана, рече дека ова е најголемиот протест оддржан досега.

Според него тоа е опозициски протест против злото и про-европските вредности, пренесува Балканвеб.

Баша рече дека Еди Рама и неговите провокатори направиле насилно сценарио протестите да дегенерираат во насилство, но тоа не се случило и нема да се случи.

Тој потенцираше дека опозицијата нема да биде плен на провокациите на Рама и дека убедливо се движи на патот кон уривањето на премиерот.

– Неуспешен е и проектот за оддржување избори без опозиција. Ќе го браниме Уставниот поредок, ќе ја браниме законитоста. Вистината е на наша страна. Законот и Уставот се на наша страна. Со помош на Бога, ништо не нè спречува во маршот до победата. Сигурното заминување на Рама веќе е запечатено – рече Баша на вечерашните протести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот