Баша: Европа го одби Рама, албанската влада да го следи примерот на Македонија (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Лидерот на Демократската партија на Албанија, Љуљзим Баша изјави дека Европа го одби Еди Рама и не Албанија, додека и му побара на албанскиот премиер да го следи примерот на Заев во Северна Македонија, кој даде оставка водејќи ја државата на предвремени избори.

-Европа го одби Еди Рама, не Албанија. Неуспехот е на Еди Рама, не на Албанија. Еден човек не држи заложник сите. Ова треба да заврши. Време е владата да го следи примерот на владата на Северна Македонија, да ги превземе одговорностите за нејзините неуспеси и да и го врати мандатот на албанскиот народ. Со нова легитимна влада која го води процесот на преговорите, напредокот е можен – изјавил Баша на пресконференција која беше оддржана во партиското седиште.

Тој рече дека криминалот и корупцијата се загрижување за земјите на Европска унија.

-Казната за купување на гласови, функционирањето на високите судови во земјата, изведувањето пред лицето на правдата на инкриминираните и корумпираните на високо ниво се барањата за кои не може да се преговара за започнување на преговори. Ова не се проблеми на Европската унија, како што наведува пропагандата во режија на актуелниот премиер. Тие се проблеми на неговото владеење. Ситуацијата за Северна Македонија е сосема различна. Ниту еден услов за оваа земја и скоро едногласна поддршка за започнување преговори. Сепак, премиерот Заев поднесе оставка, им го врати мандатот на граѓаните и земјата ќе оди на предвремени парламентарни избори. Од друга страна, нашата влада, која беше одбиена од европските земји, продолжува да не се откажува од власта на штета на албанскиот народ. Имаме само еден пат кон иднината и тоа е европскиот пат – изјавил Баша, пренесува ТВ Клан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот