Баша: Европа го одби Рама, албанската влада да го следи примерот на Македонија (ВИДЕО)

Лидерот на Демократската партија на Албанија, Љуљзим Баша изјави дека Европа го одби Еди Рама и не Албанија, додека и му побара на албанскиот премиер да го следи примерот на Заев во Северна Македонија, кој даде оставка водејќи ја државата на предвремени избори.

-Европа го одби Еди Рама, не Албанија. Неуспехот е на Еди Рама, не на Албанија. Еден човек не држи заложник сите. Ова треба да заврши. Време е владата да го следи примерот на владата на Северна Македонија, да ги превземе одговорностите за нејзините неуспеси и да и го врати мандатот на албанскиот народ. Со нова легитимна влада која го води процесот на преговорите, напредокот е можен – изјавил Баша на пресконференција која беше оддржана во партиското седиште.

Прочитајте и...  Спасовски: Комисијата за заразни болести да го разгледа прашањето за отварање на границите

Тој рече дека криминалот и корупцијата се загрижување за земјите на Европска унија.

-Казната за купување на гласови, функционирањето на високите судови во земјата, изведувањето пред лицето на правдата на инкриминираните и корумпираните на високо ниво се барањата за кои не може да се преговара за започнување на преговори. Ова не се проблеми на Европската унија, како што наведува пропагандата во режија на актуелниот премиер. Тие се проблеми на неговото владеење. Ситуацијата за Северна Македонија е сосема различна. Ниту еден услов за оваа земја и скоро едногласна поддршка за започнување преговори. Сепак, премиерот Заев поднесе оставка, им го врати мандатот на граѓаните и земјата ќе оди на предвремени парламентарни избори. Од друга страна, нашата влада, која беше одбиена од европските земји, продолжува да не се откажува од власта на штета на албанскиот народ. Имаме само еден пат кон иднината и тоа е европскиот пат – изјавил Баша, пренесува ТВ Клан.

Прочитајте и...  Македонскиот полициски синдикат бара да престанат политичките борби во МВР

Прочитај повеќе

Црна Гора ги отвори границите, но нема да прима македонски државјани

Слободен печат

Колев: Имаме 120 нови „рамковно вработени“ – 120 пратеници земаат плата, а не одат на работа

Слободен печат

Рамафоса: Кина ветила 30 милиони тестови месечно за африканските држави

Слободен печат

Смилевски: Во општина Бутел нема драстично зголемен број на заразени, максимално се почитуваат мерките

Слободен печат

Уапсени 11 лица на протест во Лондон заради убиството на афроамериканецот Флојд во Минеаполис

Слободен печат

Грција полека се подготвува за туристичката сезона, намалено ДДВ на одредени производи и услуги

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Судири меѓу приврзаниците и противниците на бразилскиот претседател Болсонаро

Слободен печат

Трета фаза на олеснување на мерките во Косово, процедури за влез од С. Македонија

Слободен печат

„Њујорк тајмс”: Трамп со сопругата и синот однесени во бункер по закана од протести околу Белата куќа (ВИДЕО)

Слободен печат

Доколку граѓаните не ги почитуваат мерките за заштита, може да бидат воведени рестриктивни мерки за одредени општини

Слободен печат

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ без договор за избори на 5 јули, ДУИ бара датумот да се донесе со консензус

Слободен печат

Од денес до 30 јуни уписи на првачиња, паузи од 20 минути меѓу термините за разговор со секое дете

Слободен печат