Баша до Вархељ: Нема излез од кризата без слободни избори

Архива на СП

Според него, со еврокомесарот разговарале околу решавањето на политичката криза во земјата при што „имале ист став за две главни цели”.

По средбата со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељ, лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша изјави дека јасно го потенцирал фактот дека со Еди Рама нема слободни и фер избори.

Според него, со еврокомесарот разговарале околу решавањето на политичката криза во земјата при што „имале ист став за две главни цели”.

– Ме запозна со стратегијата што ќе ја претстави, стратегија која јас и обединетата опозиција целосно ја поддржуваме. Ние го изнесовме ставот и наидовме на целосна согласност дека решавањето на длабоката политичка криза во Албанија преку слободни и фер избори, прозлезени од изборната реформа и отворање на преговорите со ЕУ, се две главни цели, рече Баша.

Баша се заблагодарил за помошта на ЕУ за воспоставување дијалог за изборната реформа.

– Ја поздравив помошта на ЕУ што го овозможи политичкиот дијалог за изборните реформи надвор од нелегитимниот парламент, помошта за излез од организираниот криминал како прв чекор кон вистинска демократија во Албанија, каде граѓаните и некриминалците ќе избираат парламент, влада, градоначалници и слично, рече Баша.

Баша, го иронизирал и премиерот Еди Рама, нарекувајќи го „недоверлив човек”.

– Опозицијата верува не само во пишаните правила, туку и во нивната имплементација, но Рама е недоверлива личност за изборната реформа или за набљудување на регуларен изборен процес. Кажав дека со Рама нема слободни и фер избори, рече Баша.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељ денеска престојуваше во прва посета на Албанија откако стапи на должност. Тој се сретна со премиерот Еди Рама, претседателот Илир Мета, а го посети и Драч, едно од најпогодените места од катастрофалниот земјотрес, што ја погоди Албанија на 26 ноември.

Соопштено е денеска дека Меѓународната донаторска конференција за Албанија ќе биде организрана на 17 февруари во Брисел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот