Баша: Албанија е најкорумпирана земја во Европа, ветинг во политиката е неопходен

Архива на СП

Албанските опозициски демократи не се откажуваат од иницијативата за ветинг во политиката, што го сметаат за значаен процес за да се „отстранат од политиката корумпираните и инволвираните луѓе во светот на криминалот“.

Партискиот лидер Љуљзим Баша во денешната објава на социјалните мрежи, наведува дека Албанија е најсиромашната земја во Европа, а тоа е затоа што таа е најкорумпираната земја.

-Албанија е најсиромашната земја во Европа, бидејќи е најкорумпираната земја во Европа. Со илјада и една грижа се соочуваат луѓето кои се борат за подобар живот, претприемачите кои се борат да преживеат во неконкурентна економија, старите лица со недоволни пензии, младите кои секој ден сè повеќе сонуваат да заминат подалеку од Албанија, пишува Баша.

Додава дека треба да се спроведе ветинг во политиката за да се стави крај на неказнивоста, да се „исчисти политиката од сите оние кои ја злоупотребија довербата на граѓаните, збогатувајќи се себеси и мал број луѓе околу нив“.

Според Баша, оние кои ја злоупотребиле довербата на граѓаните мора да си заминат, повторувајќи дека ветингот во политиката може да почне од него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот