Бартомеу виновен за масовните оставки во Барселона!?

твитер

Во заедничко писмо до првиот човек на каталонскиот фудбалски клуб, шест директори ги напуштија своите функции и побараа да се организираат нови претседателски избори.

Шест членови на управата на Барселона незадоволни од потезите на претседателот Жозеп Марија Бартомеу во четвртокот поднесоа оставки, што би можело да отвори криза во водечката екипа на шпанското првенство.

Во нивното заедничко писмо испратено до Бартомеу, тие изјавија дека ги напуштаат своите функции сметајќи дека Бартомеу ги влече сите конци во тешката ситуација по клубот и дека се игнорира гласот на останатите членови.

– Дојдовме до тој момент кога не гледаме можност да ги вратиме критериумите и начинот на управување со клубот, во пресрет на големите предизвици во иднина. Особено после новото сценарио и пандемијата на коронавирусот.

Исто така незадоволни сме и од несреќната епизода на социјалните мрежи позната како „Барсагејт“, а за која дознавме од медиумите. Бараме резултатите од ревизорската куќа да бидат конечно презентирани и сите да ја сносат својата одговорност. Воедно предлагаме што поскоро да се организираат нови претседателски избори во клубот – стои во соопштението на луѓето кои што поднесоа оставки.

Оставки поднесоа Емили Русан, Енрике Томбас, Силвио Елијас, Хозеп Понт, Марија Тејшидор и Жорди Калсамиља и така управата остана сега на 13 члена од вкупно 19.

Патем, Бартомеу оваа недела острани четворица од шесте споменати луѓе, вклучувајќи го и Русан како свој противкандидат на претседателските избори наредното лето во 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот