Бартомеу не е загрижен, Меси ќе остане во Барса

twitter.com/MessiWorId

Како прв човек на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу е сигурен дека фудбалерот Лионел Меси ќе остане и после 2021 година, пишува „Мундо Депортиво“.

– Точно е дека Меси би можел да си оди пред сезоната 2020/2021, да се повлече од фудбалот и оди каде што сака. Имавме слична ситуација со Чави Ернандес, кој замина во Катар, Андрес Иниеста, кој потпиша за Кобе, и Карлес Пујол кој мораше да се повлече поради повреда, но тие ни дадоа многу, имаа можност да останат подолго – рече Бартомеу за клупската телевизија.

Одредени шпански медиуми шпекулираат дека аргентинскиот интернационалец Меси би можел да го напушти „Камп Ноу“.

Како претседател на клубот многу сум опуштен, бидејќи Лео е голем „барселониста“ и не се сомневам дека и натаму ќе ги брани боите на екипата и после сезоната 2020/2021 – вели Бартомеу.

Аргентинецот покрај многубројните индивидуални признанија, со каталонскиот гигант успеа 10 пати да ја освои „Ла Лига“, осумпати шпанскиот Суперкуп, шестпати „Копа дел Реј“, со четири трофеи во Лигата на шампионите, и по три во УЕФА Суперкупот и ФиФА Светското клупско првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот