Бартомеу и Абидал имаат фаворит за нов тренер на Барса!

фото:твитер

Анри на „мета“ на поранешниот клуб, а Ернесто Валверде на крајот од оваа сезона најверојатно ќе ја напушти клупата на Барселона.

Валверде минатото лето беше на голем „удар“ на критики после шокантната елиминација на Барса во полуфиналето на Лигата на шампионите од Ливерпул.

Многумина тогаш беа сигурни дека овој тренер ќе добие отказ, но челниците на Барселона му дадоа уште една шанса.

Но, оваа сезона баш не брилјира и многу често се шпекулира во шпанските медиуми дека ова е последна сезона на Валверде на клупата на каталонскиот клуб и дека веќе бараат негова замена.

На листата желби на каталонскиот гигант се наоѓа и поранешниот член на оваа екипа, француската легенда Тјери Анри.

Анри дебитираше како тренер на Монако каде што се задржа само неколку месеци, а моментно го води Монтреал Импакт.

Според каталонскиот „Спорт“, Французинот е желба на претседателот Жозеп Бартомеу и спортскиот директор Ерик Абидал, но останатите во клубот веруваат дека тоа е преголем ризик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот