Бартомеу ги отвори картите: Нејмар не доаѓа во Барселона

Иако имаа големи амбиции во летниот преоден рок, се поизвесно е дека каталонците ќе останат со празни раце.

Претседателот на Барселона, Хосеп Мариа Бертомеу за време на гостувањето на TV3 ги отвори картите кога станува збор за преодниот рок и евентуалниот ангажман на двете желби, Нејмар и Лаутаро Мартинез.

Враќањето на Нејмар во Барселона е актуелна тема во медиумите веќе цела година, но Бразилецот се уште е член на ПСЖ и се чини дека така и ќе остане во блиска иднина.

Хосеп Мариа Бертомеу/EPA-EFE/Alejandro Garcia

– Мислам дека ПСЖ нема да продаде ниту еден фудбалер ова лето. А Нејмар е нивен играч – одговори Бертомеу за шансите на Барселона да го врати Бразилецот.

Што се однесува до реализацијата на трансферот на Лаутаро Мартинез, преговорите со Интер се стопирани се додека не завршат настапите на двете екипи во Лигата на шампиони, односно во Лигата на Европа. Барселона најверојатно ќе ја загуби титулата во Ла Лига, но има шанса да триумфира во ЛШ, додека Интер се наоѓа во завршницата на ЛЕ.

Лаутаро Мартинез/ EPA-EFE/MATTEO BAZZI

– Што се однесува до Мартинез, тука преговорите застанаа. Разговаравме со Интер пред неколку недели, а сега сме впо фаза кога ја анализираме ситуацијата. Преодниот рок оваа година ќе биде поинаков од претходните. Големите екипи имаат ограничени буџети поради економската ситуација предизвикана од пандемијата, но Барселона отсекогаш била екипа која предизвикува потреси на трансфер пазарот – одговара Бертомеу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот