Бартомеу добива нов противкандидат, човекот кој ја направи Барселона супер тим

Поранешниот претседател Жоан Лапорта има намера да се кандидира на клупски претседателски избори идната година.

Лапорта беше прв човек на Барселона од 2003 до 2010 година и тој период се смета за еден од најдобрите во историјата на клубот.

Во негово време Гвардиола доби можност да биде тренер на Барселона, Лионел Меси стана супер ѕвезда и се форсираа фудбалери од познатата младинска академија Ла Масија.

Една деценија подоцна, Лапорта кој изминатиот период се посвети на политиката, сака да се врати во клубот кој во последните неколку години се наоѓа во финансиски проблеми поради лошото работење на актуелниот претседател, Хосеп Мариа Бартомеу.

Возбуден сум од проектот, започнав околу себе да составувам тим бидејќи мораме да најдеме начини како да ги решиме економските проблерми во кои западна Барселона. Јас сум оптимист и мислам дека можам да ги насочам работите во вистинскиот правец. Но, се уште има време за размислување, изборите ќе се одржат во јули 2021 година – изјави Лапорта.

Состојбата во Барселона моментно е хаотична посебно откако пред 10-тина дена, дури шест члена на управниот одбор на клубот на чело со првиот потпретседател, Емили Росау си поднесоа оставки поради лошото работење на Бартомеу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот