Бартоли предвидува: Ѓоковиќ ќе има најмногу грен слем титули

Новак Ѓоковиќ има 21 грен слем титула/фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Марион Бартоли изјави дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе биде играчот со најмногу грен слем титули и дека очекува Рафаел Надал следната година да се повлече од тенисот.

Шпанецот има освоено 22 грен слем трофеи, еден повеќе од српскиот ас.

– Предвидувам дека Новак ќе биде тенисер со најмногу освоени Грен слемови. Единственото нешто што може да го спречи на тој пат е коронавирусот и фактот што не е вакциниран, односно нема да биде може да учествува на Грен слемовите, но се надевам дека тоа нема да се случи – рече Бартоли за „Стадиум астро“.

Поранешната француска тенисерка вели дека телото на Надал повеќе не може да ги издржи напорите на врвниот тенис.

– Не гледам дека Надал професионално ќе игра тенис по 2023 година. Тоа е мое мислење, ќе видиме како ќе се развива ситуацијата. Често е повреден и тешко дека неговото тело ќе може да ги издржи сите тие напори, со оглед на тоа што веќе е во доцните тениски години – вели Бартоли.

Французинката од тенисот заработи нешто повеќе од 11 милиони долари, освои осум титули во кариерата, меѓу кои и единствениот Грен слем, „Вимблдон“ во 2013 година, а најдобриот пласман на ВТА листата го постигна во 2012 година, кога беше седма тенисерка на планетата.

ВИДЕО: Ѓоковиќ заплака поради Федерер

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот