Барти повторно покажа зошто е фаворит за титулата на Австралија Опен

Ешли Барти е главен фаворит за титулата на Австралија Опен/ фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Првата тенисерка на ВТА ранг листата, Ешли Барти се пласира во четвртфиналето на Австралија Опен, откако со 6:4,6:3 ја совлада Аманда Анисимова.

Американската тенисерка која беше во серија од осум победи по ред, и во претходното коло ја исфрли сè уште актуелната шампионка Наоми Осака, не можеше да направи ништо против Барти..

Во првиот сет, Барти направи брејк во седмиот гем и со сигурен сервис дојде до водство од 1:0 во сетови.
Возбудливо беше и на стартот од вториот сет бидејќи Анисимова веднаш направи брејк и ја прекина серијата на Барти од 63 гема кои ги освои на свој сервис. Австралиската тенисерка веднаш возврати и израмни на 1:1, а потоа и со два брејка ја потврди победата и пласманот во четвртфиналето.

Во четвртфиналето, Барти ќе игра против Џесика Пегула која беше подобра од петтата носителка Марија Сакари со 7:6,6:3.

Чешката тенисерка Барбора Крејчикова во два сета со 6:2,6:2 ја победи Викторија Азаренка и си закажа четвртфинална пресметка со Медис Киз која пак со 6:3,6:1 ја победи Паула Бадоса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот