Барти и Вондрушова во женското финале на Ролан Гарос

Австралиската тенисерка Ешли Барти успеа да ја прекина победничката серија на американската тинејџерка, Аманда Анисимова. Барти во меч полн со пресврти успеа да ја совлада младата американска тенисерка за неполни два часа и тоа со 6:7,6:3,6:3. Во првиот сет, Барти поведе со 5:0 и кога се навестуваше брза победа, се разигра Анисимова, таа успеа да освои дури шест гемови во серија и на да го реши првиот сет во своја корист преку тај брејк.

Во вториот сет, Барти не дозволи кикс, веднаш направи брејк и со сигурни сервиси успеа да го освои сетот со 6:3. Во третиот сет, по серијата од три брејка, искуството на Барти пресуди да слави со 6:3 и да обезбеди пласман во финалето.
Нејзина противничка во финалето ќе биде Маркета Вондрушова која во два сета со 7:5,7:6 ја совлада Џоана Конта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот