Барти експресно во полуфиналето на Австралија Опен

Ешли Барти на доминантен начин обезбеди пласман во полуфинале/ фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Првата носителка Ешли Барти за 64 минути обезбеди пласман во полуфиналето на првиот годинешен гран слем турнир. Најдобрата светска тенисерка со 6:0,6:2 ја декласира Американката Џесика Пегула и си закажа полуфинална пресметка со Медисон Киз.

Пегула беше рамноправен противник само на стартот од мечот, Барди веднаш направи брејк, а Американката успеваше да остане во игра до  петтиот гем (3:2).

Потоа следеа три гема по ред на Барти за триумф од 6:2 и тотална доминација во вториот сет. Австралиската тенисерка во вториот сет не и доволи на Пегула да освои ниту еден гем и на доминантен начин се пласира во полуфиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот