Барти експрес, за 62 минути ја победи Киз и обезбеди финале на Австралија Опен

Ешли Барти в сабота ќеигра за третата гран слем титула/ фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Австралиската тенисерка Ешли Барти е првата финалистка на Австралија Опен откако во полуфиналето ја декласира Медисон Киз од САД.
Барти ја оправда улогата на фаворит против Американката која ја победи со 6:1,6:3 за само 62 минути игра.

Двојната гран слем шампионка од Ролан Гарос (2019) и од Вимблдон (2021) во финалето ќе игра со подобрата од дуелот помеѓу Ига Швјонтек и Даниел Колинс.

Барти мечот го започна со брејк и потоа направи уште два брејка за убедлив триумф од 6:1.
Во вториот сет, Киз пружи поголем отпор, освои три гема, но не можеше да и се спротивстави на расположената Барти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот