Барселона во трка со времето, сè уште не ги регистрирала новите засилувања

Барса ќе мора да продава играчи доколку сака да го регистрира Роберт Левандовски/Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Управата на Барселона е во трка со времето за да ги регистрира фудбалерите што ги донесе во летниот преоден рок бидејќи не може да го исполни финансискиот фер-плеј на Ла Лига. Барселона потроши 153 милиони евра за купување на Роберт Левандовски, Рафиња и Жил Кунде, додека Френк Кеси и Адреас Кристенсен дојдоа како слободни играчи, а сака до сабота да го потпише и Бернардо Силва со кого веќе ги договори личните услови, но мора да Сити да му плати 80 милиони евра отштета.

Но, Лапорта мора да петок до 23:59 часот да ги „испегла“ книгите, односно да ги намали расходите за 100 милиони евра.

Лапорта најави дека ќе мора да продаде дополнителни 25 отсто од акциите на „Барса Студиос“. сопствената продуцентска куќа, но трансакцијата сè уште не е реализирана.

Лапорта претходно потпиша спонзорски договор со компанијата „Спотифај“, а минатата година зеде заем од 500 милиони евра од банката „Голдман Сакс“ за да ги намали долговите.

Но, финансиските прописи на Ла Лига се најригорозни во петте најсилни европски лиги. Секој шпански тим добива ограничување за трошење на играчите и стручниот штаб, што ги вклучува платите и трошоците за трансферите.

Иако пресметката е комплицирана, главната цел е финансискиот фер-плеј на Ла Лига е клубот да потроши најмногу 70 отсто од вкупните приходи. Доколку клубот не ги исполни критериумите, не може да регистрира нови играчи.

Барселона, на пример, може да биде во минус за 144 милиони евра, а  моментално е во поголем минус.

Барса се надеваше дека продажбата на телевизиските права и уделот во студиото на Барса ќе го зголеми нивниот дозволен дефицит, но Ла Лига го отфрли тоа, и како резултат на тоа, тие се уште не можат да регистрираат нови играчи.

Клубот сега се обидува да најде решение, ќе се обиде да продаде повеќе акции од ТВ правата, но пред се да се „ослободи“ од играчи, на кои Чави не смета.

Тоа се Самуел Умтири, Мартин Брајтвајт и Мемфис Депај, додека во тек се разговори со Жерар Пике и Серхио Бускетс за намалување на платите.

Клубот исто така јавно објави дека играчот од средниот ред Френки де Јонг, кој е заинтересиран за Манчестер Јунајтед и Челзи, мора да ја намали платата или да го напушти клубот. За него Барселона би можела да добие 85 милиони евра и да ги реши проблемите, но ниту фудбалетот сака да оди ниту да прифати намалување на платата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот