Барселона во проблеми, има уште десет дена да го регистрира Кунде

Жил Кунде сè уште чека на дебито за Барселона/фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Челниците на Барселона сè уште не успеале да ги исполнат условите финансискиот фер-плеј на Ла Лига за да го регистрираат 50 милиони евра вредното засилување од Севиља, Жил Кунде.

Бидејќи сè уште не е регистриран, Кунде вечерва ќе го пропушти и вториот натпревар на Барселона во Ла Лига, против Реал Сосиедад.

Поради несериозноста на управата на Барселона која дури размислува да понуди 80 милиони евра за Бернардо Силва, Кунде размислува и за заминување од „Камп Ноу“.

Имено, доколку Барселона не го регистрира до 31 август, Кунде според прописите на Ла Лига ќе може да си замине од „Камп Ноу“,

Каталонските медиуми пишуваат дека управата на Барселона предводена од претседателот Жоан Лапорта ќе се обиде до крајот на идната недела да го реши проблемот со регистрацијата на Кунде и тоа со продажба на Мемфис Депај и на Пјер-Емерик Обамејанг.

Депај има слободни документи и се наоѓа пред потпис со Јувентус, додека Обамејанг би требало да потпише за Челси. Англискиот тим нуди 27 милиони евра отштета, додека Барселона бара 3 милиони повеќе и се очекува наредните денови двата тима да најдат заеднички јазик, за да може потоа Кунде да биде регистриран и да има право на настап во Ла Лига.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот