Барселона во огромни проблеми: Долгови од милијарда евра, доцнат платите…

epa08929039 FC Barcelona's striker Lionel Messi (C) celebrates with teammates after scoring the 0-3 goal during the Spanish LaLiga soccer match between Granada CF and FC Barcelona held at Nuevo los Carmenes stadium, in Granada, southern Spain, 09 January 2021. EPA-EFE/Miguel Angel Molina

Барселона и во 2021 година не може глава да крене од проблеми, работите на теренот изгледаат се подобро, но затоа е хаотична ситуацијаѕа на финансиски план.

Клубот едвај функционира и веќе на тренерот Роналд Куман му е најавено дека нема да има трансфери во зимскиот преоден рок, а за тоа колку е сериозна ситуацијата доволно говори податокот дека Барселона моментно не може редовно да ги исплаќа платите на своите играчи.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, платите на играчите доцнат иако самите фудбалери пред три месеци се сосгласија да на намалување на истите за 40 проценти со ветување дека останатата сума би им била исплатена во наредните четири години.
Ова е моментно решениот само за се „испеглаат книгите“ за оваа сезона.

Според последните официјални информации од ноември минатата година, долговите на Барселона изнесуваат 800 милиони евра, но кандидатот за претседател Виктор Фонт тврди дека долгот веќе во јануари ја поминува бројката од неверојатни милијарда евра.
Главниот фаворит за нов претседател на Барселона, Жоан Лапорта, исто така потенцира дека клубот се наоѓа во голема финансиска криза и во периодот помеѓу двете сезони загубил 100 милиони евра.

Управата на клубот успеа да го намали буџетот за оваа сезона и тој изнесува 828 милиони евра наместо планираните 1.1 милијарди евра, а идниот претседател ќе мора да одговара за 15 проценти од споменатиот буџет (124 милиони евра) и да достави банкарска гаранција за евентуалните загуби за време на својот мандат.

Но, големи главоболки на управата и задава и најдобриот фудбалер Лионел Меси. Аргентинецот најави дека конечната одлука за кого ќе потпише ќе ја донесе на крајот од сезоната. Договорот со Барселона му истекува на крајот од сезоната, а сериозен интерес пројавуваат Манчестер сити и ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот