Барселона во јануари тргнува по наследникот на Суарез

twitter/Inter

Аргентинецот Лаутаро Мартинез е вистинско изненадување во досегашниот дел од сезоната, со одличните игри ги воодушеви сите и го сврте вниманието на најголемите екипи.

Младиот 22-годишен напаѓач сезонава на 18 натпревари во сите натпреварувања постигна 11 голови и имаше три асистенции.
Мартинез во Интер пристигна 2018 година од Расинг за сума од 25 милиони евра и има договор со „нероаѕурите“ до 2023 година.

Засега најголем интерес пројавува Барселона која е во потрага по наследникот на Луис Суарез. Суарез наскоро ќе наполни 33 години и за 18 месеци дефинитивно си заминува од „Камп Ноу“, но каталонците сакаат уште сега да ја обезбедат неговата замена.

Изборот падна токму на Лаутаро Мартинез за кого лобира и првата ѕвезда на екипата, Лионел Меси, а првиот конкретен чекор, управата на Барселона ќе го направи уште во зимскиот преоден рок. Доколку биде одбиена нивната понуда во која освен пари се очекува да биде вметнат и Артуро Видал или Иван Ракитиќ, тогаш на лето, Барселона планира да ја активира откупната клаузула која изнесува 111 милиони евра.

Во Интер се плашат токму поради клаузулата која е релативно мала и сакаат да му понудат нов договор на својот играч до 2024 година со што клаузулата би се зголемила на 222 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот