10.8 C
Скопје

Барселона уште сега си договори засилување за јануари

Повеќе нема дилеми, на тренерот Роналд Куман во зимскиот преоден рок ќе му биде исполнета најголемата желба кога седна на клупата на Барселона, да го има во своите редови Мемфис Депај.

Барселона не успеа во летниот преоден рок да го реализира трансферот на Депај од Олимпик Лион бидејќи немаа доволно пари, односно мораа да го намалат ростерот и да ја намалат сумата која ја издвојуваат за плати на фудбалерите.

Затоа трансферот беше одложен, но во јануари нема дилеми, Мемфис Депај ќе го облече дресот на Барселона откако двата тима се договорија, а играчот веќе ги договори личните услови.

Се очекува Олимпик Лион да добие одредено обесштетување кое би иазнесувало помеѓу 5 и 10 милиони евра бидејќи договорот на холандскиот репрезентативец истекува наредното лето.

Со доаѓањето на Депај, исто така се очекува Мартин Брајтвајт да го напушти „Камп Ноу“, а управата работи и на тоа Осман Дембеле исто така да биде продаден или испратен на позајмица на почетокот од наредната година.

Поврзани вести

Кои се најпознатите прекари на фудбалерите: Трактор, психо, пирана, пират….

Слободен печат

Челси му се реваншира на Лестер за поразот во ФА Купот и го остави да виси за ЛШ

Слободен печат

Црвена звезда на чекор до титулата во АБА лигата, неверојатен натпревар во Белград

Слободен печат

Официјално: Бензема по шест години повторно во француската репрезентација

Слободен печат

ЕСПН ќе снима документарец за најомилениот кошаркар во НБА, „џинот“ Бобан Марјановиќ

Слободен печат

ВИДЕО: Голчиштето на Кавани недоволно за победа на Јунајтед, нов триумф за Алиоски и Лидс

Слободен печат

Остави Коментар