Барселона стана тим за потсмев, не може да купи ниту второлигашки играч

фото: твитер

Очајната сезона во Барселона која заврши со срамен пораз од Баерн Минхен од 2:8 во Лигата на шамионите, се рефлектира и на новата оваа во која клубот сè уште не може да се извлече од хаосот кој владее во него.

„Војната“ на релација Лионел Меси – Хосеп Марија Бартомеу, надополнета со финансиската криза предизвикана од коронавирусот и која ја испразни касата на Барселона, донесе до тоа клубот да стане предмет на потсмев и да не може да купи ниту фудбалер од втората лига.

Десниот бек на Норич кој испадна од Премиер лигата, Макс Аронс, ги договори личните услови со каталонците, но англискиот тим ја одби понудата бидејќи Барселона нема пари да го реализира трансферот.

Новинарот Дејвид Орнстајн тврди дека Норич одбил не една туку две понуди на Барселона. Причината за ова е бидејќи Барселона сакала да го позајми Аронс без да се обврзе на крајот од сезоната задолжително да го откупи неговиот договор.
Норич бара обесштетување, не сака да го испрати фудбалерот на позајмица бидејќи за неговите услуги има уште два клуба кои се подготвени да платат, Тотенхем и Баерн Минхен.

Откако доби шлаканица од Норич, Барселона викендов најверојатно ќе добие уште една шлаканица и тоа од Ајакс. Имено, Бартомеу сака да му ја исполни желбата на тренерот Роналд Куман и да го ангажира дефанзивецот на Ајакс, Сержињо Дест, но повторно проблем ќе биде обесштетувањето, Ајакс бара 25 милиони евра, сума која Барселона ја нема.

Поради тоа, се очекува Дест да се пресели во редовите на европскиот шампион Баерн Минхен кој е подготвен да ја плати оваа сума, а згора на тоа веќе ги има договорено личните услови со дефанзивецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот