Барселона се подготвува зимски шопинг: На „Камп Ноу“ доаѓаат Стерлинг и Олмо?!

Рахим Стерлинг се наоѓа на излезни врати од „Етихад“/ фото: EPA-EFE/Julian Finney

Додека навивачите со нетрпение го очекуваат враќањето на терените на повредените Осман Дембеле и Серхио Агуеро како и Ансу Фати конечно да биде подготвен за пеколниот ритам, управата се подготвува за зимскиот преоден рок кога ќе се обиде да донесе фудбалери кои ќе ја кренат Барселона и ќе се обидат да ја спасат сезоната.

Барселона по само осум кола се наоѓа на деветтото место на табелата во Ла Лига, додека во Лигата на шампионите има два порази од по 0:3 од Баерн Минхен и Бенфика и на сите им е јасно дека се потребни нови ѕвезди кои ќе ја вратат екипата на победничките патеки.

Згора на тоа, поради финансиските проблеми, ова лето од „Камп Ноу“ си заминаа и Лионел Меси и Антоан Гризман, по што во Барселона сега нема вистинска фудбалска супер ѕвезда.

Управата на Барселона која се обидува да се извлече од катастрофалната финансиска ситуација и со намалувањето на платите на фудбалерите, успеа да собере доволно средства за купување на еден или двајца фудбалери во зимсиот преоден рок.

Изборот падна на Дани Олмо од Лајпциг кој е дете на Барселона, како и на Рахим Стерлинг од Манчестер сити.

Лајпциг за Олмо бара 75 милиони евра, а Барселона ќе се обиде да ја намали оваа сума за 10 до 15 милиони евра, додека планот за Стерлинг кој се поретко добива шанса да игра, планот е поинаков.

Во Барселона се надеваат на добрите односи со менаџерот и директорот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола и Чики Бегиристајн, и ќе се обидат да го донесат Стерлинг на позајмица до крајот на сезоната, а потоа и целосно да го откупат договорот на англискиот репрезентативец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот