Барселона се пишмани, сега очајно сака да потпише нов договор со Дембеле

Осман Дембеле игеа фантастично откако Чави е тренер на Барселона/ фото: EPA-EFE/Sergio Perez

Иако во зимскиот преоден рок управата на Барселона му се закани на Осман Дембеле дека ќе го префрли на трибините доколку не си замине од клубот, сега се обидува на сите начини да потпише нов договор.

Причина за ваквиот став на управата предводена од претседателот Жоан Лапорта е тренерот Чави Ернандез под чие водство Дембеле игра фантастично и инсистира да му се продолжи договорот на францускиот репрезентативет.

Откако Чави го наследи Роналд Куман на клупата на Барселона, Дембеле повеќе не се однесува неодговорно туку максимално професионално ги извршува задачите, а игрите му се сè подобри и беше еден од најзаслужните за убедливите победи на каталонскиот тим од 4:0 над Наполи во Лигата на Европа и над Реал Мадрид во Ла Лига.

Според „Скај Спорт“, Барселона на Дембеле ќе му понуди нов договор и се надеваат дека фудбалерот ќе го прифати истиот бидејќи е задоволен од соработката со тренерот Чави Ернандез и наводно им открил на пријателите дека сака да остане на „Камп Ноу“ и во иднина. Проблем може да претставува неговиот агент кој инсистира Дембеле да потпише со ПСЖ поради големата провизија која би ја добил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот