Барселона се откажа од Нејмар: Нема ни да праќаме понуда до ПСЖ

Претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бертомеу изјави дека ова лето нема да може да ги донесе ниту Лаутаро Мартинез ниту Нејмар.

Името на Лаутаро Мартинез од почетокот на годината се поврзува со трансфер во Барселона, но каталонскиот клуб не успеа да го реализира трансферот.

Интер беше дециден бараше 111 милиони евра колку што изнесуваше откупната клаузула за Мартинез, додека Барселона ги немаше тие пари и се обидуваше да вметне играчи во трансферот. На крајот, истече рокот кој им го даде Интер и Лаутаро Мартинез остана на „Џузепе Меаца“.

Лаутаро Мартинез/EPA-EFE/MATTEO BAZZI

– Зборувавме изминатите недели, но преговорите се прекинати. Моментната ситуација не ни дозволува да правиме големи трансфери – изјави Бертомеу.

Барселона ова лето се поврзуваше и со трансфер на Нејмар, но повторно како и минатото лето не успеа да се договори со ПСЖ.

Нејмар/EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

– ПСЖ не сака да го продаде што е нормално бидејќи Нејмар е еден од најдобрите фудбалери на светот. Минатото лето направивме се за да го вратиме на „Камп Ноу“, сега нема ни да се обидуваме. Клубот загуби речиси 200 милиони евра од почетокот на март кога почна пандемијата на коронавирусот. Мора повторно да го разгледаме планот за трошоци, мора да се прилагодуваме на актуелната состојба – додава Бертомеу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот