Барселона се откажа од Јовиќ

EPA-EFE/DANIEL DAL ZENNARO

Според каталонскито весник „Спорт“, менаџерите на Лука Јовиќ и екипата на Ајнтрахт во последно време го користи интересот на шпанскиот шампион за дополнително да ја кренат цената на младиот напаѓач.

Челниците на Барселона неколку пати разговараа со фудбалерот на Ајнтрахт, а последен пак директорот Ерик Абидал во живо го гледаше Јовиќ на дуелот од Лигата на Европа кога го постигна победничкиог гол против Интер.

Сепак, „Спорт“ наведува дека Барселона не сака да учествува во „аукцијата“ и е подготвена да плати 60 милиони евра како обесштетување, и ниту евро повеќе.

Менаџерот на Јовиќ, минатата недела престојуваше во Мадрид и имаше средби со челниците на Реал Мадрид, а голем интерес за неговите услуги постои уште од ПСЖ и Баерн Минхен, по што германскиот тим одлучи наместо 60 милиони евра да бара дополнителни 20 милиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот