Барселона: Протести за и против независност на Каталонија, можни конфликти (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Продолжуваат протестите во Барселона, денеска низ улиците маршираат приврзаниците за и против независност на Каталонија, а постои и страв од евентуални конфликти.

Во изминатите два дена протестите зад себе оставија неколку запалени автомобили, барикади, а вчеравечер демонстрантите  ја гаѓаа каталонската полиција со молотови коктели кога беа запрени на патот кон зградата на полицијата на Каталонија, каде сакаа да протестираат.

Тие бараат ослободување на затворените лидери на Каталонија осудени во понеделникот на затворски казни меѓу 9 и 13 години, поради референдумот за независност прогласена во 2017 година и заминување на шпанската полиција од Каталонија.

Од понеделникот, околу 250 луѓе се повредени во судирите со полицијата. Шпанскиот министер за внатрешни работи денеска објави дека 194 полицајци биле повредени во последните три дена. Приведени се 94 лица.

Попладнево, пак, групите за интегритет на Шпанија во другиот дел од градот излегоа на улиците во немири кои се одвиваа од понеделник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот