Барселона продава речиси цел тим и се надева на заработка од околу 400 милиони евра

EPA-EFE/LAVANDEIRA JR

Каталонците мораат да направат чистка и на трансфер листата ќе бидат ставени најмалку 10 фудбалери.

Барселона веќе обезбеди три засилувања за новата сезона, Миралем Пјаниќ од Јувентус, Тринкао од Брага и младиот Педри од Лас Палмас за кои плати речиси 100 милиони евра.

Тринкао ги чинеше 31 милион евра, Педри пет милиони, а за Пјаниќ на хартија платија 60 милиони евра но од Јувентус ќе добијат 70 за Артур и „дилот“ со италијанскиот тим беше направен за да се изигра УЕФА и финансискиот фер-плеј.

Сепак, управата планира да продаде двоцифрен број на фудбалери за да го намали ростерот и сумата која ја издвојува за плати. Први на листата за отстрел се Фелипе Кутињо и Осман Дембеле кои треба да донесат највеќе пари во касата на Барселона. Иако управата ниту во сон не може да добие колку што плати, 120+105 милиони евра, но се надеваат дека ќе добијат барем 140 милиони евра.

Голманот Нето кој нема теорија да добие шанса да настапи покрај фантастичниот Тер Штеген ќе биде продаден и тоа на екипата која ќе понуди највеќе пари.

Десниот бек Муса Ваг кој се врати на „Камп Ноу“ од позајмицата во Ница не е во плановите за наредната сезона и сигурно заминува како и Тодибо и Умтити. Левиот бек Жуниор Фирпо не ги оправда очекувањата и најверојатно ќе биде дел од некоја размена.

Од играчите во средниот ред, Иван Ракитиќ и Артуро Видал си заминуваат на лето додека Артур веќе ја напушти Барселона. Во нападот покрај Кутињо и Дембеле, Барселона се надева дека ќе го продаде зимското засилување Брајтвајт за 20-тина милиони евра за да си ги врати вложените пари.

Управата се надева дека со продажбата на непожелните играчи може да заработи помеѓу 350 и 400 милиони евра. Артур веќе си замина за 75 милиони, цената за Умтити и Тодибо е 25 милиони, Муса Ваг вреди осум милиони, Фирпо околу 20 милиони, Ракитиќ и Видал помеѓу 15 и 20 милиони, Кутињо 70-80 милиони, Дембеле 60, Брајтвајт 20 и Нето околу 20 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот