Барселона прави дрим-тим, најновото засилување доаѓа од НБА

Екипата на Барселона по секоја цена сака во наредната сезона да ги освои сите титули во кои ќе се натпреварува и затоа летово троши како луда. Последното засилување доаѓа од НБА лигата, Никола Миротиќ потпиша тригодишен договор со дополнителна една сезона, во најголемиот трансфер во европската кошарка. Неофицијално, Миротиќ за предвидените четири години ќе заработи неверојатни 45 милиони евра бруто.

Иако се шпекулираше дека Миротиќ и Барселона се договориле за шестгодишна соработка тешка 70 милиони евра, сепак договорот е пократок за две години но е неверојатен за европски услови кој ќе му гарантира 11.5 милиони евра по сезона на шпанскиот репрезентативец.

Никола Миротиќ, изминатите пет години ги помина во НБА лигата но
носталгијата го натера да се врати во Европа и ја прифати понудата на тренерот Светислав Пешиќ. Барселона, покрај Миротиќ, летово успеа да ги донеше уште и Кори Хигинс и Брендон Дејвис, а следен на листата на желби е По Гасол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот